Пет граѓани биле повредени во вкупно 10 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на в черашниот ден на територијата на Скопје.  Во пет од сообраќајките била причинета посериозна материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајната полиција запрела 20 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум возачи за неправилно престројување и еден возач за неправилно престигнување, како и едно лице за не користење на заштитен шлем при управување на велосипед со мотор, мопед или мотоцикл.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 15 возачи, од кои двајца кои го управувале возилото под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување и четворица возачи почетници, а забележани се и 10 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 91 возило непрописно паркирано, а со помош на  „пајак“, отстранети биле 74 возила.

Одделението за превенција денеска реализира посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Кирил и Методиј” кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар со ученици од второ одделение во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”