Откако вчера за ТВ21, адвокатката на Катица Јанева која е во притвор за Рекет, соопшти дека поранешната специјална јавна обвинителка е во лоша состојба, МКД.МК, дознава дека нејзината состојба секојдневно се следи.
Затворот во Идризово и Истражниот затвор во Шутка некое време беа без психијатар, бидејќи Треневски кој што работеше со затворениците околу 20 години замина во пензија, а Здравствениот дом во Скопје под чија надлежност е вработувањето на лекарски персонал во затворите, одлучил пак да го врати Треневски на работа додека не најдат психијатар за постојано вработување.
Јанева е во женскиот дел во Истражниот затвор во Шутка во посебен дел. Ќелијата ја дели со уште една притвореничка.
Comments are closed for this post.