Претседателот на државата, Стево Пендаровски во изјава за медиумите, по новинарско прашање околу тоа дали мора да има помилувања на затвореници, истакна дека во текот на годината има 5-6 т.н. помилувања, додека пак 2 се задолжителни кои се нарекуваат празнични или колективни по повод Нова година и 2-ви август.
„Помилувања во принцип мора да има затоа што секојпат има барања, е сега теоретски кажано, може да се добијат 30 или 50 предлози, а да не се прифати ниту еден“, порача Пендаровски. Тој појасни дека помилувањата поминуваат преку неколку нивоа пред да стигнат до Претседателот.
Пендаровски вели дека помилувањата ги предложуваат Управите на затворите до Министерството за правда, од каде се препраќаат кон постојаната Комисија во Кабинетот на Претседателот, од каде потоа одат кај Претседателот.
осема е независно какви се претходните одлуки на Управата на затворот, што предлагаат тие… Не зависно што предлага Министерството за правда и не зависно што предлага мојата комисија во Кабинетот – јас можам да одлучам како сакам! Можам да прифатам, а можам и да одбијам“, порача Пендаровски.
Правда вели нема да праќа список
По консултација со Управата за извршување на санкциите, Министерството за правда одлучи оваа година да не проследи предлог за новогодишни групни помилувања, односно листата целосно се поништува.
Во Министерството за правда постои работна група која работи на составување на нов предлог-закон за помилување, со кој ќе се зацврснат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван. Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем.
Comments are closed for this post.