Претседателот Стево Пендаровски и натаму да се залага за политичка стабилност и политичка предвидливост во земјата, бидејќи тоа ги охрабрува компаниите да ги зголемат инвестициите, бараат бизнисмените – членови на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).
На средбата кај шефот на државата, тие предочиле и дека во последнава декада инвестициите од Турција достигнале две милијарди долари и дека трговската размена меѓу двете земји е над пет милијарди долари.
За неколку месеци, со полноправното членство во НАТО нашата држава ќе ја заокружи својата безбедност и ќе стане земја со предвидлива иднина. Знам дека за секој потенцијален инвеститор стабилноста на земјата е клучен предуслов. Подеднакво е важно земјата да нема отворени билатерални прашања со своите соседи. Северна Македонија и во овој сегмент ја заврши својата работа, им рекол претседателот Пендаровски на стопанствениците.
Воедно им предочил, како што соопшти неговиот Кабинет, дека во фокусот на неговото работење ќе биде подобрувањето на економските состојби во земјата зашто е неопходно сите повеќе да се посветат на економијата, имајќи предвид дека задача на секој политичар е да работи исклучиво во интерес на народот.
Comments are closed for this post.