Се надевам дека ќе успееме да ја зачуваме енергијата и светлината на божиќните празници преку целата година, останувајќи грижливи, солидарни и хумани, постојано имајќи добра мисла и дарувајќи љубов. Христос се роди!, напиша на фејсбук претседателот Стево Пендаровски, честитајќи им го празникот Божиќ на верниците.
Тој, заедно со сопругата Елизабета Ѓорѓиевска, присуствуваше на светата литургија во храмот „Пресвето срце Исусово“, а претходно во текот на денот порача да се празнува одговорно.
На сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар ви го честитам големиот празник и ви посакувам празничните денови да ги минете во мир и во хармонија, исполнети со радост и со среќа. Големината на овој празник и неговото значење нека ни бидат духовна поткрепа и надеж за надминување на кризата и за конечно враќање на нормалното секојдневие, порача Пендаровски.
Comments are closed for this post.