При потпишувањето на Указите не сакам да чекам да дојде кај мене на потпишување затоа што правото на претседателот е суспензивно не апсолутно, јас можам да го вратам законот но тие можат истото попладне со истото мнозинство повторно да го изглесаат и јас сум обврзан да го потпишам, бидејќи во минатото имаше и други примери.
Вака размислува шефот на државата Пендаровски околу тоа што ќе прави со законите кои ќе пристигнуваат од Собранието.
Јас би сакал да бидеме вклучени сите вклучени во почетоците на правењето на законските проекти. Да не чекаме да дојде до потпишување на Указ па да се натегаме дали ќе потпише претседателот или не-порача шефот на државата пред бизнисмените.
Comments are closed for this post.