На 21 април и 5 мај имаме можност да го направиме вистинскиот избор за нашите млади и идните генерации.  Младите сакаат општество без граници и развој. Наш аманет е да ја направиме оваа земја силна и стабилна, да ја интегрираме во евро-атланските структури кои на младите ќе им овозможат еднакви можности на како нивните врсници од Европа,изјави денеска претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

 

Да создадеме клима за нови инвестиции кои ќе обебедат економски напредок на земјата, повеќе и подобро платени работни места. Наш аманет е да ги задржиме младите дома. Но, за тоа, треба да ги донесеме европските вредности и стандард и да им обезбедиме услови за кариера и семејство во татковината. Затоа, овие избори се вистинска шанса за нивната иднина и ние не смееме да ги изневериме.