Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски денеска се сретна со рудари и жители од Македонска Каменица, по што замина на трибина со граѓани во Кочани.
И од Македонска Каменица и од Кочани Пендаровски порача дека заокружувањето на бројот 3 во недела ќе значи подобра перспектива за сите, сигурно одење во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО, но и ставање крај на „груевизмот”.
На гласачкото ливче само формално го пишува името на Гордана Силјановска-Давкова. Доколку се гласа за неа, се гласа за враќање на груевизмот. Во недела со гласот за број 3 сигурно одиме во Европа и вие ставате печат груевизмот веќе никогаш да не се врати. Груевизмот беше поразен на парламентарните избори во 2016, на локалните во 2017 година, и доколку и сега биде поразен на претседателските избори дефинитивно никогаш нема да има груевизам. Со глас за број 3 дефинитивно ќе имаме претседател, кој ќе го слуша гласот на народот, а не на елитите. Дел сум од народот, и секогаш ќе бидам, рече Пендаровски.
Ќе бидам претседател кој ќе знае позитивните политики да ги пофали и поддржи, тоа што не чини да го врати назад, да се доработи. Она што е во интерес на граѓаните да го поддржи, а она што во интерес на една фамилија или потесен круг луѓе да не добие поддршка. Мојата прва задача ќе биде она што го бараат граѓаните да им се даде, а не тоа што го бара партијата на власт, напомена Пендаровски.
Comments are closed for this post.