Kандидатот за претседател Стево Пендаровски во врска со тврдењата за следење денеска нагласи  дека го пријавил случајот во полиција и дека остава на МВР да ги истражи наводите.

Според него, се работи за комплексна истрага.

Јас се чувствувам безбедно, иако е непријатно чувство да знаеш дека одиш низ град и дека некој те слика. Но не се плашам за мојот интегритет, имам доверба во институциите – посочи тој додавајќи дека не приметил нови следачи откако го обелодени случајот во јавноста.