Пораката за младите во Кочани и кочанско е иста како пораката за младите во цела држава. Знаете дека овој регион и некои други во истокот од нашата земја се посебно погодени од иселувањето, но мојата политика и политиката којашто ја води оваа владина структура која досега од година и пол до две е практично што е можно побрзо Македонија да стане дел од евроатланските структури, истакна кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.
Со тоа, за сите нас, но посебно за младите ќе се отворат големи можности, од европските претпристапни фондови, можноста за поголема мобилност во образованието, пракса во различни европски држава. Мислам дека младите треба на овие избори да дадат максимална поддршка на оваа политичка опција инаку се друго би било доведување под ризик и на ова што досега го постигнавме, а знаете дека практично сега влеговме во НАТО и сме во предворјето на ЕУ. За младите исклучително битно посебно за младите кои се на почеток на животот и на правењето кариера да бидат дел од овие процеси и конечно по 30 години транзиција и тие заедно со својата земја станат дел од еден поширок европски пазар и до поширок еден европски круг во кои ќе можат како млади да се реализираат. Значи, прво да добијат шанси овде меѓутоа и низ размена на информации и искуства со своите врсници од сите европски држави да напредуваат побрзо и да видат како практично тие живеат и како треба и ние сите што сме во политиката да направиме услови тие да живеат добро пристојно, богато и овде во својата татковина.
Comments are closed for this post.