Со гласањето на овие избори не бираме само претседател, бираме како и дали економски ќе се развива нашата земја. Насоката во која се движиме и патот по кој тргнавме е пат на напредок, економска сигурност на граѓаните и финансиска стабилност на нашата земја, изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Маврово-Ростуше.
По овој пат ние се отвораме кон светот, кон европските фондови, кон пазар од 500 милиони жители на кој може да работат нашите компании.
Членството во НАТО и ЕУ се единствениот гарант дека земјата ќе економски ќе јакне и ќе напредува, а стандардот на граѓаните ќе расте со забрзано темпо.
Работите конечно тргнаа во нагорна линија. Економијата се стабилизира, БДП-то почна да расте. Со почеток на преговорите и рамноправното членство во НАТО алијансата ќе го удвоиме растот на економијата.
Ги повикувам граѓаните на 21 да гласаат за да го продолжиме овој пат. Нема подобра алтернатива од оваа. ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска го нудат спротивното. Нудат застој, ревизија и блокада на се она што досега го постигнавме. Тоа значи парите да завршуваат кај фамилијата наместо како сега, кај граѓаните. А не беше лесно да се постигне ова што го имаме денес. Не беше лесно да се откочи Македонија и тоа сега не смееме да го прокоцкаме. На 21 април да гласаме за напредна и развиена Македонија, заедно напред.
Comments are closed for this post.