Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска со сексистички коментари.Наместо да го земе микрофонот и да го укори неговиот поддржувач и да се извини и на присутните и на гледачите, тој ги слушаше навредите кон Силјановска, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот сексистички и мизогин однос на активистите на Пендаровски и СДС кон Силјановска е директно поттикнат од Пендаровски, кој со својот примитивен балкански мачоизам веќе две недели ја навредува Силјановска.
Говорот на омраза и навредите кои ги почна Пендаровски сега го следат и неговите поддржувачи.
Токму заради ваквиот примитивен однос на Пендаровски тој ќе остане само поранешен претседател. На Македонија не и требаат луѓе за претседател кои покажуваат сила врз жени. На Македонија и треба претседател кој ќе ги почитува сите, и ќе ја брани државата. Време е народот да си ја врати државата. Македонија повторно горда.
Comments are closed for this post.