Претседателот, Стево Пендаровски, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на Бошњачката заедница во Република Северна Македонија.
„Нека ни е честит 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Со особена гордост го празнуваме овој значаен ден водејќи сметка за историјата, културата и за традициите на бошњачкиот етникум кој е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество. Сите ние, поединечно, без разлика на која етничка група или религија припаѓаме сме одговорни да ги негуваме почитта и меѓусебното разбирање, потврдувајќи дека нашата држава и понатаму е пример дека различностите се најголемо богатство. Почитувани припадници на Бошњачката заедница,
Република Северна Македонија, како наш заеднички дом, заслужува да биде развиена и модерна европска држава, заедница на среќни граѓани. Затоа ве повикувам како и досега, да продолжиме посветено да градиме општество еднакво за сите и заедно да работиме за подобра и посветла иднина. Тоа си го должиме себеси и на генерациите што следат. Верувам дека заедно можеме да ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија.
Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам многу здравје, среќа и бериќет“, стои во честитката од Пендаровски.
Comments are closed for this post.