Не сме подготвени во однос на финализирање на Преспанскиот договор пред неговата ратификација, да прифатиме арбитражни (субјективни) интерпретации, затоа што уште не е се завршено, истакна денес претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос на средбата со неговиот колега од Словенија, Борут Пахор.
Изјавата на грчкиот шеф на државата е одговор на изјави дадени од македонски политичари при што Павлопулос кажа јасна порака дека „добри изјави прават добри пријатели“, додавајќи дека тие се тука, но оти не мислат да се пазарат со такви прашања.
Кога ќе дојде времето за ратификација, ние нема на кој било начин да прифатиме арбитрарни и уште повеќе иредентистички интерпретации на Преспанскиот договор во делот кој се однесува на ПЈРМ, истакнал Павлопулос.
Тој притоа се осврна и на членството на соседот во НАТО и во ЕУ, јасно ставајќи до знаење дека најнапред Македонија мора да заврши со уставните измени, па доколку Грција се согласи со нив „тогаш можеби ќе има покана од НАТО за членство и почеток на преговори за приклучување кон ЕУ“.
Comments are closed for this post.