Павлина Црвенковска денеска е избрана за нова претседателка на Судскиот совет.
За неа гласаа сите членови на Советот, кои беа физички и онлајн присутни на седницата. Таа доаѓа на функцијата откако на Киро Здравев му истече мандатот.
Црвенковска се заблагодари за довербата и кажа дека со нејзиниот професионален интегритет ќе ја извршува функцијата.
– Претседателот на Судскиот совет го претставува Советот, раководи со седниците, ги потпишува сите одлуки и решенија кои се донесени, а воедно е и претседател на судско-буџетскиот совет. Функцијата која ми е дадена ја сфаќам како прва меѓу еднаквите. Ние сме колективно тело, ги носиме одлуките со мнозинство гласови. Јас ќе придонесам што веќе да се зајакне тимскиот дух. Се надевам дека степенот на доверба кај граѓаните во судството ќе биде покачен за барем едно ниво, рече Црвенковска.
Седницата за избор на претседател ја водеше заменик претседателот на Судскиот совет, Милазим Мустафа.
Comments are closed for this post.