По повод вториот круг на претседателските избори, се обраќам до членовите и симпатизерите на ПВМ, да излеземе масовно на 5-ти мај во недела и да помогнеме да се врати правдата во Република Македонија. Затоа што без владеење на правото и без правдина нема правна држава, а без правна држава не се оди во ЕУ и НАТО“.
Ваков повик упати претседателот на Партијата на Власите во Македонија.
Глас за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев и сите криминали на власта, корупцијата, уривање на државата институциите и погазување на достоинството на секој еден граѓанин од оваа држава. Со гласање и поддршка за професорката Гордана Сиљановска Давкова ние гласаме за враќање на правната држава и почитување на Уставот и законите, затоа што само така можеме да одиме напред и достоинствено да чекориме кон ЕУ и НАТО“, напиша на Фејсбук, Мите Костов Папули.
Comments are closed for this post.