Папата Франциск за време на неговата историска посета на земјава утре ќе биде послужуван соексклузивни вина на винарницата „Стоби“, од кои дел освоиле најпрестижни светски награди, како што е белото вино „р’кацители“, розе вино „розе алегро“, црвеното вино „аминта“ и десертното вино „роксана“.
Најквалитетните вина на оваа винарница ќе се служат на свечениот ручек што ќе се организира во чест на папата Франциск, на кој ќе присуствуваат и кардинали, бискупи и други високи гости, но вината ќе се служат и на сите други свечени собири поврзани со посетата на папата на Скопје.
Comments are closed for this post.