Република Северна Македонија е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде се среќаваат голем број културни струи, и претставува олицетворение на карактеристиките на регионот, истакна папата Франциск во обраќањето пред државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно“.

Тој додаде дека преку елегантните сведоштва на Византиското и Отоманското минато, возвишени ѕидини и величествени иконостаси во древните цркви, кои говорат за христијанското присуство што датира од апостолски времиња, Северна Македонија ја одразува длабочината и богатството на својата илјадагодишна култура, истакна папата Франциск во обраќањето

Дозволете ми да кажам дека овие големи културни богатства претставуваат одраз на вашето бесценето наследство: мултиетничкото и мултирелигиозното лице на вашиот народ, завештанието на богата и комплексна историја на односи градени со векови, рече папата Франциск.

Оваа мешавина на култури и етнички и религиозни идентитети, како што посочи, доведе до мирен и траен соживот каде тие поединечни идентитети си најдоа израз и се развиваа без меѓусебно одбивање, доминација или дискриминација.

Овде, всушност, различната верска припадност на православни, муслимани, католици, евреи и протестанти, како и етничката припадност на Македонците, Албанци, Срби, Хрвати, и другите, создаваат еден мозаик во кој секо каменче е потребна за оригиналноста и убавината на целиот мозаик. Убавина, која ќе го достигне својот најголем сјај до таков степен за да можете тоа да го пренесете и да го засадите во срцата на новите генерации, рече папата Франциск.

Тој притоа додаде дека тие посебни карактеристики се исто така од огромно значење за интеграцијата со европските народи. Се надевам, додаде тој, дека оваа интеграција ќе се развива на начин што ќе биде придобивка за целиот регион на Западен Балкан, преку постојано почитување на различноста и основните права.

Ве охрабрувам да продолжите на вашиот пат со цел вашате земја да претставува светилник на мирот, прифаќањето и плодна интеграција на култури, религии и народи. Преку отсликување на нивните посебни идентитети и виталноста на нивниот културен и граѓански живот, тие ќе бидат во можност да ја изградат заедничката судбина преку посебното богатство што го нудат. Господ нека ја заштити и благослови Северна Македонија, да го зачува единството и да и даде благосостојба и радост!, истакна папата Франциск.

Тој посебно ги истакна напортите на македонската влада за време на големата мигрантска и бегалска криза во 2015 и во 2016 година, кога Македонја им даде засолниште и љубов на илјадници луѓе.

е