Бугарија и Македонија се две сосема различни нации. Бугарија има вековни традиции, Македонија исто има традиција, но не како држава, туку како народ, кој успеал одлично да се изгради како нација со голема броба. За нас христијаните, Македонија е симбол на влегувањето на христијанството на Запад-велугувало на Запад преку Македонецот, кој на сон му се јавил на Свети Павле. „Дојди со нас“. Тој одел кон Азија. Тој повик бил мистерија. Македонскиот народ е горд со тоа и не пропушта можност да каже дека христијанството продирало заради повикот на Македонецот испратен кон Свети Павле. Ова го изјави папата Франциск во интервју за весникот „Ла Република“.
Папата Франциск вели дека се вознемирил кога ја открил „нежноста на Црквата“ како противотров против културата на навредите. „Сите говорат зад грбот на ближниот, клеветат. Додека во Бугарија и Македонија црквата ги прифаќа со нежност сиромашните и отфрлените“. Така раскажуваше папата Франциск пред новинарите, кои патуваа со него со летот кон Италија, при неговото враќање од 29-тото патување во странство по посетата на Бугарија и Македонија.
Весникот „Република“ ги објавува одговорите на папата на новинарските прашања за неговите впечатоци од Софија и Скопје. Еве некои од нив.
Какви се Вашите впечатоци од Бугарија и Македонија, на што ќе се сеќавате кога ќе се вратите дома?
Тоа се две сосема различни нации. Бугарија има вековни традиции, Македонија исто има традиција, но не како држава, туку како народ, кој успеал одлично да се изгради како нација со голема броба. За нас, христијаните, Македонија е симбол на влегувањето на христијанството на Запад-влегувало на Запад преку Македонецот, кој на сон му се јавил на свети Павле. „Дојди со нас“. Тој одел кон Азија. Тој повик бил мистерија. Македонскиот народ е горд со тоа и не пропушта можност да каже дека христијанството продирало заради повикот на македонецот испратен кон свети Павле.
Бугарија требало многу да се бори за својот идентитет како нација. Во текот на 1823 г. (така пишува „Република-б.р.) загинале 200.000 руски војници! Замислете си што значи 200.000 луѓе, многу борби, многу крв, многу мистика за да се стигне до консолидирањето на идентитетот.
Македонија имала идентитет и сега го консолидира како народ. И со помали и поголеми проблеми, како што е прашањето за името. Процентот на источноправославните е голем и во двете држави, по нив се муслиманите, потоа католиците. Видов дека односите меѓу различните религии се добри. Во Бугарија бевме сведоци на заедничка молитва за мир, тоа беше нешто нормално за Бугарите, зашто имаат добри односи. Секој има право да ја изрази сопствената религија и да биде почитуван! Ме погоди една фраза на македонскиот претседател-тука не постои толерантност, туку респект. Се уважуваат во еден свет во кој почитта многу недостасува.
Источноправославните цркви не секогаш се обединети меѓу себе, но кога треба да ја критикуваат Католичката црква се обединети. На пример, не сакаат да го канонизираат кардиналот Степинац. Што мислите?
Во целина врските се добри. Можам отворено да ви кажам дека меѓу патријарсите сретнав Божји луѓе. Неофит е Божји човек. Илија од Грузија, кого го носам во моето срце, е Божји човек. Исто и Вартоломеј, Кирил… Сите си имаме недостатоци, но јас во патријарсите открив браќа, кои би ги нарекол Божји луѓе. Македонскиот претседател ми зборуваше за расколот на Западот започнат од Македонија. Сега папата доаѓа за првпат за да го оздрави расколот. Не знам, но за да кажам дека сме браќа, зашто не може да се даде светото тројство без да остан како браќа.
Ова е текст од бугарскиот сајт „Гласове“, кој ја пренесува италијанска „Република“. А, настанот е ист и од него информираа голем број медиуми. Но, разликите се во нијанси и едноставно се поставува прашањето што точно рекол папата Франциск при враќањето во Рим и кој медиум точно го пренел? Или сите пишуваат според сопствени „потреби“ и „видувања“?
Во текстот на „Република“ суштинска е втората реченица во која папата Франциск вели дека „Бугарија има вековни традиции, Македонија исто има традиција, но не како држава, туку како народ, кој успеал одлично да се изгради како нација со голема броба“.
Comments are closed for this post.