Поранешнатaта Специјална обвинителка Катица Јанева веќе нема да може да го користи правото на т.н делумна слобода откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.

Службени лица од Управата за извршување на санкции по добиени информации извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена односно нема никој. Јанева веднаш била вратена во затворот во Идризово.

 

Таа била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобоа.Таа има право повторно да побара но со оглед дека го прекршила веќе нема да и биде дозволено-потврди за „Пресинг ТВ“ директорот на Управата Александар Пандов.

Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“.