Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од канцеларијата. Тој вели дека не примил никаква одлука, ниту бил известен за каква било постапка против него.

Ете, и тоа го дочекав, утрово да сум избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за која било од постапките на прогон против мене, освен од медиумите. Така функционира овој криминален систем! Тоа е таа благодарност на системот за 24 години стаж во правосудните органи, од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати! Слава им на Зоран Заев и Радмила Шекеринска!“, напиша Панчевски.

Судскиот совет вчера на седница донесе одлука да го суспендира Панчевски, кој е обвинет за местење предмети во судот со АКМИС-истемот.