Американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер денеска во Скопје ќе има средби со државниот врв.Тој се наоѓа на балканска турнеја и во Македонија доаѓа два дена откако Собранието ја изгласа потребата од уставни измени согласно договорот со Грција.
Негова специјалност е Европа и регионот и на позицијата дојде на местото на нам добро познатиот Хојт Ји. Името на Палмер се споменуваше како „булдожер“ кој треба да помогне да се дојде до потребното мнозинство доколку во петокот немаше доволен број пратеници.
Палмер доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.
Американскиот помошник-заменик државен секретар ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а во 18 часот, по средбата со премиерот Зоран Заев, заедно ќе одржат прес конференција во Владата. Засега нема потврда дали ќе има средба и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Comments are closed for this post.