Словенечкиот претседател Борут Пахор за само неколку недели ја промени изјавата за Балканот и проширувањето.Претходно тој изјави дека ЕУ не треба да им дава лажна надеж дека Унијата во скоро време ќе прима нови челнки.Денеска пак во видео порака ни порача дека треба да го поддржиме реферндумот и дека преку него може да се надеваме на членство во ЕУ

Верувам дека ќе сакате да донесете одлука со која на Македонија широко ќе и се отворат вратите кон иднината. Навиваме за вас, се надеваме на најдоброто. Среќно Македонијо, вели во видео пораката до македонските граѓани словенечкиот претседател Борут Пахор во пресрет на референдумот.

– Драги македонски пријатели. Во недела ќе одлучувате за вашата судбина. За судбината на вашите деца и внуци. Ќе одлучите според ваша совест, како што вие мислите дека е најдобро за вашата иднина и иднината на вашите деца. Како Ваш пријател сакам да ви кажам, тоа е мојата оценка, дека за Македонија, за Европската унија, за Европа, за сите нас, а најмногу за вас, најдобро е да го поддржите договорот, и со тоа широко да ја отворите за Европската унија и НАТО, вели Пахор во видео пораката.

Тој на македонските граѓани им порачува дека „на овој свет ништо не е идеално, вклучувајќи го и овој договор, затоа разбирам дека има дискусии и мерења за тоа кој е во право, а кој не“.

– Во Словенија исто така минавме низ тешка одлука и се најдовме на историски важна раскрсница, да им дадеме предност на храбрите одлуки, на зрелите одлуки, одлуки со кои и отворивме врата на иднината и не ни е жал за тоа, наведува шефот на словенечката држава во видео пораката до македонските граѓани во пресрет на референдумот