Педесет и осумгодишниот Т.И. од Република Албанија со пријавен привремен престој во Кичево починал откако паднал од дрво во село Брждани, Кичевско.

По несреќата, била повикана екипа од Итната медицинска помош, но лекарите можеле само да констатираат дека човекот има сериозни повреди на главата и дека е без знаци на живот.

Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција