ВМРО-ДПМНЕ во сабота, 18 јуни од 20 часот, организира голем општонароден протест пред македонската Влада, со кој сака да порача дека време е за промени. Од партијата ги повикуваат сите граѓани кои се незадоволни од досегашното владеење на СДСМ и ДУИ.
Почетокот на крајот вели дека тргнуваме за рушење на владата која е именител на сите наши колективни порази и неуспеси.
Стануваме на нозе, еден до друг, заедно, против владата затоа што ПРЕМНОГУ Е! ПРОТЕСТОТ Е ЗА ПРОМЕНИ.
Заедно, здружено, одлучно, за нашата Македонија, повика претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Ова се збирните места и рутата до Влада за големиот протест во сабота:
Comments are closed for this post.