Гоце Делчев е бугарски револуционер и учител кој се борел за ослободување на автономната бугарска област наречена „Македонија“ од Османлиите.
Ова ќе биде еден од предлозите од бугарската комисија за историја кој ќе биде испрорачан до нивните македонски колеги на следниот состанок , дознава „Pressing TV“ од извори во комисиите.
За овој предлог веќе подолго време се дискутира во бугарските политички и историски кругови како црвена линија до каде Бугарија може да оди во преговорите за Гоце Делчев.
Уште дознаваме дека Владата во Скопје и премиерот Зоран Заев е добро информирана за овој „непристоен предлог“ од Софија и оти сега се разработува стратегија како најпрво да биде прифатен од македонската комисија, а потоа да се создава атмосфера меѓу граѓаните за тоа да помине.
Не се исклучува можноста и Заев да изврши притисок врв македонската комисија да се прифати овој предлог па дури и да смени некој „непослушен“ член.
Многу е веројатно дека овој предлог ќе помине како конечен договор меѓу двете до комисии а потоа останува тоа да го официјализираат Зоран Заев и Бојко Борисов на зедничка средба кога треба да биде објавено дека двете земји го решиле најголемото историско прашање.
Кај Заев постои страв како ова ќе биде прифатено кај народот и дека повторно ја “свиткал кичмата“ пред соседите но се прави стратегија дека тоа се прави за европската иднина на земјата и оти Македонија до крајот на годината ќе ги почне преговорите со ЕУ а Бугарија нема да блокира туку ќе биде наш најголем сојузник.
Comments are closed for this post.