Членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници во рамки на партиската акција „Ова е Македонија за сите“ денеска посетија неколку населени места во земјава.
Партискиот потретседател Александар Николоски при посета на населените места Големо и Мало Коњари и Беровци во прилепскиот регион, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ почнува голема теренска активност во која ќе бидат опфатени голем број населени места во земјава.
– Секој викенд ќе бидеме на терен со граѓаните пред се во селата, а секој вторник и секој четврток ќе одиме во урбаните средини. Следниот период ќе стигнеме до секој оној кој сака да не слушне, а и ние сакаме да ги слушнеме маките на граѓаните, она со кое што се соочуваат, а секаде да поразговараме во однос на штетните политики кои што Владата ги води како и се поевидентниот и брутален криминал и корупција, истакна Николоски.
Тој истакна дека најголем дел од локалните проекти зависат од централната власт поради нецелосната децентрализација, обвинувајќи дека Владата не соработува со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и ги блокираат и опструираат, но оти тие и покрај тоа реализираат проекти.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски пак беше во посетата на Драчево, каде истакна дека целта на новата теренска активност „Ова е Македонија за сите“ е директна комуникација со народот.
– „Ова е Македонија за сите“ е продолжение и на претходните теренски активности на ВМРО-ДПМНЕ кои што ги имаше во последните месеци. Практично постојана комуникација со граѓаните, каде што граѓаните даваат свои идеи свои предлози некогаш и своја критика за тоа како можеме ние како политички субјект по однос на клучните и стратешките прашања да се поставиме во следниот период, истакна Муцунски.
Тој додаде дека граѓаните на Драчево „бараат нова влада, бараат чесност, план, програма и надеж“. Влада која што, како што нагласи, нема да биде синоним за криминал и корупција.
Партискиот потпретседател Владо Мисајловски беше меѓу граѓаните на Ѓорче Петров , каде истакна дека со оваа Влада земјата тоне, обвинувајќи ги властите дека сакаат да украдат милијарди преку изградбата на коридорите.
– Ова е Ѓорче Петров, ова е Македонија, ова е Македонија за сите луѓе! Стартуваме со огромна кампања насекаде низ Македонија, да покажеме дека народот е Македонија. 19 тима ќе посетиме 700 места. За разлика од СДСМ не се криеме во некое маало со членството колку да кажеме нешто, секој може да ни се придружи, рече тој.
Мисајловски нагласи дека многу е важно граѓаните да слушнат што се случува во земјава.
Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Кочоска Димитриеска ги посети населените места Тумчевиште, Галате, Зубовце, Вруток и Беловиште, од каде дека на средбите граѓаните коментираат дека „имаме крајно неспособна и неодговорна власт“.
– Власта нема воопшто никаква грижа кон граѓаните. Секаде се исти проблемите. Граѓаните велат дека наместо корупција и криминал, нам ни требаат патишта, наместо да има инвестиции во водовод и канализација, власта троши милионски износи како казнени пенали за коридор 8, изјави Кочоска Димитриеска.
Според неа, токму поради хаосот кој го донеле власта, ВМРО-ДПМНЕ е натерена да ги обедини силите со граѓаните за да се случат промени, затоа што силата е во народот.
Пратеникотот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски оствари средба со граѓани во Пештани и населените места Елшани и Долно Коњско во охридскиот регион, при што истакна дека целта на овие посети е да се одржува активна комуникација со граѓаните да се изборат за подобар живот и за подобар животен стандард.
Тој посочи дека веќе актуелната Влада е шест години на власт, а изградбата на автопатот Кичево-Охрид „не е до никаде“, за сега да се зафати со нова автопатска делница.
– Новиот проект за автопатиштата уште непочнат заглави во криминал и корупција, за кој секојдневно излегуваат на површина криминалните зделки на Артан Груби и на Димитар Ковачевски. Уште непочнат овој проект, гледаме дека Владата исплатила 120 милиони евра пенали на изведувачот, а оваа сума секако ќе биде, можеби и многу поголема затоа што се неспособни и не знаат дд работат, рече Аџиоски.
Comments are closed for this post.