Нема крај на глупостите што ги прваат несовесните граѓаните во Скопје. Последен ваков пример е посочен од корисниците на фејзбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ каде што објавија слики од украдена шахта на пристапната улица што води кон Арената „Филип Втори“ во градскиот парк.
Ваквата постапка предизвикува голема опасност од несреќа со оглед што на таа локација има голема фреквенција на движење и на возила и на пешаци. Тоа особено е случај во вечерните часови кога поради слабата осветленост лесно може да се случи да не се забележи отворената дупка создадена со оваа украдена шахта.
Comments are closed for this post.