Комисијата за европски прашања која требаше да расправа за пописот на населението е откажана. Таа е тргната од дневниот распроред на настаните во Собранието.
Ова следува откако вчера ВМРО-ДПМНЕ реагираше на начинот на кој се носи овој закон, набрзина и со европско знаменце. Опозицијата бара поширока дебата поради бројните нелогичности во предлог законот. Во спротивно најавуваат дека ќе го бојкотираат пописот.
Власта уверува дека целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат.
Според најавите, пописот треба да се реализира во април следната година.
Comments are closed for this post.