Вицепремиерот Бујар Османи почна лично да врши проверка дали институциите низ Македонија започнале да ги менуваат таблите и да го вклучуваат албанскиот јазик.
Тој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видео на кое тој, заедно со Илбер Села ги проверуваат сите табли на институциите низ државава.
Османи забележал дека на Агенцијата за администрација таблата е само на македонски јазик, па веднаш му се јавил на директорот за да го праша кога ќе биде напишано и на албански јазик.
Бујар Османи е на телефон, како сте директоре? Сакав да те прашам, тука сум пред институцијата, гледам дека таблата е еднојазична. Каков е планот за менување? Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите. Подобро е што сте ја вратиле, за да нема грешка, тоа е полошо. Комуницирате со Агенцијата за јазици? Е така. За да ви помогне во дефинирање. Добро. Готово“, му вели Османи на директорот на Агенцијата за администрација.
Comments are closed for this post.