Фактот што Иванов продолжува со деструктивната политика во случајот е уште еден мотив повеќе зошто сега треба максимално да се ангажираме и да го направиме вистинскиот избор на претстојните претседателски избори и да не оставиме ниту теоретска шанса да ни се повтори тоа што го имавме во изминатите 10 години. Република Северна Македонија е парламентарна демократија и последниот збор во носење на законите го има Собранието. Секој обид за неуставно наметнување на претседателски систем е казниво дело.
Ова го порача вицепремиерот Бујар Османи на новинарско прашање по повод непотпишувањето на неколку закони од страна на претседателот на државата за реформските закони опфатени од Планот 18 на Владата.
Претседателот Иванов, како што наведе Собранието, не ги потпиша законите за изменување на Законот за Оперативно-техничка агенција, за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт, за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации, за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.
Comments are closed for this post.