Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ и не ја пропушти приликата да му се заблагодари за првата пратка на испорачани вакцини против Ковид-19, откако Македонија вчера благодарение на овој пакет ја започна имунизацијата.
Старт на официјалната посета на Белград на средба со претседателот Александар Вучиќ. Благодарност на неговиот личен ангажман за донираните вакцини од страна на Владата на Србија, како пример за добрососедска солидарност, напиша Османи на Фејсбук.
Србија изминатиот викенд ни ги даде првите 4.680 дози на вакцини произведени од „Фајзер“, а со истите Македонија ја започна првата фаза од имунизацијата против Ковид-19.
Српскиот државен врв денеска ќе го прими шефот на македонската дипломатија. Османи ќе има повеќе средби со високи српски претставници меѓу кои освен Вучиќ, тоа ќе бидат со премиерката Ана Брнабиќ, но и со Ивица Дачиќ кој е актуелен претседател на Народното собрание на Србија. Османи ќе има средба и со неговиот колега Никола Селаковиќ.
Comments are closed for this post.