Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Осман преку соопштение ги демантира, како што вели, шпекулациите изнесени од страна на Алијансата на Албанците и нејзиниот портпарол, во кои се посочува неговото име како дел од некаква објава на нелегално снимен телефонски разговор.
Прво, сакам да ја информирам јавноста дека, се работи за целосна шпекулација, измислица и лажна вест. Ниту сум бил вклучен, ниту сум учествувал во активностите кои ги посочува Алијансата и нејзиниот портпарол, ниту пак јас сум оној што е спомнат на нелегалната снимка. Оваа целосно лажна вест има за цел да го наруши мојот политички кредибилитет, како предводник на Европските интеграции во земјава, што со оглед на чувствителноста на периодот, претставува штета што ѝ се нанесува и на земјата“, истакнува Османи.
Вицепремиерот повика во наредните 24 часа, споменатите, целосно да го повлечат поврзување на неговото име и да се извинат за направената штета, во спротивно, нагласува Османи, ќе ги потегнам сите правни мерки кои стојат на располагање, и овие свои тврдења ќе треба да ги поткрепат пред правосудните органи.
Comments are closed for this post.