Во однос на Бугарија, Османи посочи дека комуницираме со бугарската Влада на политичко ниво. Последната рунда политички разговори, додаде, се случи во Минхен, а предлогот е преку еден сеопфатен протокол да се дефинираат прашањата за деблокирање на нашиот пристапен процес. Елементите на тој сеопфатен протокол, информира тој, треба да се утврдат во наредниот период.

Прашан дали ЕУ ги прифаќа бугарските барања, Османи истакна дека ЕУ не е страна во овој процес. – Ова е билатерален спор, на којшто дали ќе се прифати нешто или не, одлучуваме ние и оттука мислам дека не треба да се разгледа ова од перспектива на тоа дека ЕУ и Бугарија можат нешто да се договорат без нас. Ние одлучуваме, Бугарија одлучува, ние сме влезени во едни динамични разговори со цел да ги надминеме овие прашања во интерес на европската перспектива на регонот што сметам дека е од стратешко значење на Бугарија, рече Османи.

Тој се надева дека до јуни ќе успееме доколку се најде решение да може да се донесе одлука за започнување на преговори со ЕУ, без да се утврдуваат рокови.