Фатени со парите од нелегалните бизниси сместени на бугарски сметки, раководството на СДСМ е заложник на бугарските тајни служби и сега ги извршува нивните налози, смета политичкиот аналитичар и безбедносен експерт Милан Стефаноски. Тој во „За или против“ на Алфа ТВ посочи дека Бугарија ги користи СДСМ како средство/маша за да покаже пред ЕУ дека во Македонија нема единство околу неприфаќањето на уставните зимениз а внес нса Бугарите во Уставот, т.е. дека дел од Македонците мислат дека тоа е сосема нормално и оправдано.
-„Мислам дека причината зошто СДСМ ја пушти во оптек оваа „резолуција“ е затоа што тие се заложници, така самите избраа, не бугарските тајни служби. Никој не ги тераше ликовите од раководството на СДСМ да крадат и сметките да им бидат во Бугарија, од нивните бизниси и лични сметки, со што тие се детектирани од бугарските тајни служби и сега мораат да бидат нивни соработници. Зошто Бугарија има интерес оваа резолуција да биде ставена како актуелна тема во контекст на локални избори? Нема никаква логика, нели, се согласувате, и зошто СДСМ мора тоа да го протежира?“ прашува логично Стефаноски.
„Ако вие сте политички егзибиционист или политички самоубиец во ликот на СДСМ, нема никаква логика да го правите ова кога знаете кое е мислењето на јавноста, кога знаете дека ова нема логика. Главното прашање кое се поставува е зошто морате да бидете приморан да дејствувате вака? По моја претпоставка, по моја логика, веројатно притисокот на бугарските тајни служби е да го направат ова со цел на Европа да и покажат дека Бугарија нема проблем и дека ова (Бугари во Уставот) е домашен проблем на Македонија, дека таму има каква-таква опозиција која ги следи барањата на Бугарија и дека таму има сериозна дебата, мислејќи за Македонија, и дека проблемот е во македонската Влада, односно во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е целта, друга цел нема, со тоа што ќе ги нарушат македонските државни позиции, ќе ги зајакнат бугарските позиции и во пресрет на кој било Самит секој евродипломат може да каже – ‘Добро, вие си имате проблем со опозицијата, тие сакаат тоа да го направат, занимавајте си се дома’. Тоа е антидржавен елемент, ова е антидржавна стратегија која не може да биде прифатена, јас ја читав неколку пати резолуцијата и во дипломатијата, тие се тотално неуки на ова поле, не можат црвените линии да бидат базичните линии за државата. Можеби се некакви црвени линии, но ние не можеме да се браниме дома. Стратешки, треба да се браните во влезот, на улицата, за да имате тактика, т.е. да имате простор да се повлекувате и да напредувате,“ посочува безбедносниот експерт кој во дејствувањето на СДСМ гледа класична антидржавна саботажа продуцирана од последиците на нивното нечесно владеење и богатење.
Comments are closed for this post.