Вицепремиерот Бујар Османи го оправдува чекорот на играорците од Косово кои поставија албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид за што беа парично казнати. Според Османи албанското знаме може да се постави било каде и тоа, според него, е дозволено со закон, пренесува ТВ21.
Поставете го албанското знаме каде и да посакате, нема да имате проблеми“, рече Османи во емисијата Клик Плус.
Од друга страна МВР го казни поставувачот на знамето со парична казна од 1100 евра. Играорецот беше депортиран и има забрана за влез во Македонија од пет години.
Comments are closed for this post.