Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на министерски состанок за унапредување на слободата на религиите на покана на неговиот полски колега Збињев Рау.
Силно сме посветени на почитување и заштита на слободата на религиите и убедувањата, преку стриктно утврдена легислатива преку која се гарантираат овие основни човекови права. Во таа насока, преку институционалните структури вршиме нивна промоција, заштита и унапредување на национално ниво, истакна Османи на онлајн состанокот.
Comments are closed for this post.