Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи му одговори на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за наводниот „договор“ со поранешниот минсистер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати за Македонија и Албанија заедно да одат во процесот на евроинтеграции.
Николовски претходно објави дека Османи и Бушати со планот 3-6-9 се договориле да се кочат реформите во Македонија и на тој начин да се прикријат неуспесите на Албанија на ова поле како две земји кои во заеднички пакет претендираат да добијат датум за преговори годинава од ЕУ.
Почитуван г. Николовски. Веќе подолго време ваквите ставови создаваат раздор не само во нашето внатрешно ткиво – успешните мултиетнички односи, туку и во нашиот најсилен надворешен адут – успешните односи со соседите.
Албанија е наш пријател, земја која несебично лобираше од внатре за нашата интеграција во НАТО, и земја која, исто како и ние, се надева на успех во европските интеграции. Не постои стабилен Балкан освен оној кој е целосно интегриран во Европската унија и НАТО, но уште помалку, не постои стабилна земја каде било во светот, која не си ги почитува и не ги негува односите со своите соседи.
Да ти одговарам на твоите дилеми: ниту ние можеме да влијаеме на процесот на европски интеграции на Албанија, ниту тие можат да го попречат нашиот напредок; единствено што можеме е да си помагаме едни на други, затоа што имаме заедничка цел – да го видиме Западниот Балкан интегриран во ЕУ, и што е уште поважно, на тој пат да останеме добри пријатели со искрена почит едни кон други, пишува Османи на Фејсбук.
I nderuar zoti Nikolovski,
Veç më një kohë të gjatë qëndrimet e pamatura po krijojnë përçarje jo vetëm në indin tonë të…Posted by Bujar Osmani on Wednesday, June 19, 2019
Comments are closed for this post.