Има простор да им се прости на луѓе кои се колатерална штета на една погрешна кауза, за настаните на 27 април во Собранието, вели вицепремиерот Бујар Османи во интервју за Радио Слободна Европа.
Османи нагласи дека таквиот расплет на настаните би бил во консултација со меѓународниот фактор, а знаејќи дека Европската комисија бара полна одговорност за „актерите“ од настаните на 27 април вицепремиерот појасни дека помирувањето нема да значи амнестија, туку да има истрага дали тие воопшто биле свесни што прават во тој момент.
Инаку Османи во својство на главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, од утре, ќе ја предводи владината делегација во Брисел на работна сесија со претставниците на Европската комисија, каде ќе биде претставено поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност.
Comments are closed for this post.