Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, изјави дека прашањето за објавените прислушувани телефонски разговори во кои наводно се слушаат гласови на високи членови на партијата, треба да го разгледуваат институциите кои се задолжени да ја гарантираат приватната комуникација.
Османи рече дека во ДУИ ова прашање не било разговарано и дека нема да коментираат приватни разговори.
Во ДУИ ова прашање воопшто не е разгледано, ниту во никаква форма анализирано, бидејќи сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа, ниту не засега. Тоа е прашање на институциите којшто треба да ја гарантираат приватната комуникација и тоа институциите треба да го сторат. Апсолутно немаме никаква вознемиреност во тој дел ниту нешто посебно правиме, бидејќи тоа не е надлежност ниту на ДУИ, ниту на другите политички партии. Тоа е прашање на институциите. ДУИ била предмет на специјални војни од кога постои, но од сите предизвици излегла секогаш посилна – објасни Османи, одговарајќи на новинарско прашања, по настанот на кој го означи почетокот на кампањата „Заедно кон ѕвездите“.
Во однос на најавените министерски смени од страна на премиерот Зоран Заев, Османи соопшти дека има комуникација меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за, како што кажа, зајакнување на капацитетите на Владата во делот на економијата.
Метлата не е принцип којшто ДУИ го користи, но да, претседателот на ДУИ, Ахмети и претседателот на Владата, Заев, разговараат за зајакнување на капацитеите на Владата во пресрет на отворањето на новото поглавје во фокус на Владата, а тоа е економијата – изјави Османи.
Како што соопшти Османи, имало разговори и за да се надминат недозразбирањата што произлегоа по назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот Стево Пендаровски.
Comments are closed for this post.