Албаниските политичари го прославуваат објавувањето на Законот за јазици во Службен весник. Со објави на социјалните мрежи си честитаат што Албанскиот јазик стана втор службен јазикв во Република Македонија.
Задоволството го искажаа лидерот на ДУИ, Али Ахмети и вицепремиерот Бујар Османи кои позираа во автомобил со вкрстени раце симболизирајќи го симболот на Албанците-двоглавиот орел.
Честити испратија и Хазби Лика, вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика како и пратеникот Артан Груби.
Зекири: Не се китете со туѓи перја
Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, им порачува на ДУИ да не се китат со туѓи перја, порачувајќи дека за Законот за јазици заслужна е партијата на Зоран Заев.
Речиси една декада на власт со ВМРО-ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.
Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество“ за сите!!! Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро – напиша на Својот Фб профил Зекири, откако Законот за употреба на јазиците официјално беше објавен во Службен весник.
Comments are closed for this post.