Апелација зад затворени врати попладнево одлучи да им се укине мерката притвор на Орце Камчев и Цветан Панделевски. Мерката притвор им се заменува со куќен притвор.
Апелациониот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на нејавна седница на ден 27.12.2018 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Ј.К. од С. и обвинетиот Ц.П. од С. Истовремено, со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-844/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ј.К. од С. е определена мерка куќен притвор.Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-865/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ц.П. од С. е определена мерка куќен притвор, стои во соопштението од Апелација.
Камчев и Панделески во притвор беа од 10 ноември. Тие во случајот „Империја“ на СЈО се осомничени заедно со уште 11 други лица за оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари.
Орце Камчев за да излезе од притвор понуди гаранција од 14,5 милиони евра.
И за Сашо Мијалков кој исто така е осомничен во случајот „Империја“, се очекува СЈО да побара поблага мерка, односно куќен притвор, но за тоа треба да одлучува Кривичниот суд.
Comments are closed for this post.