Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од изјавите на градоначалникот Митко Јанчев и најостро ги осудува неговите активности во делот на обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени и за спроведување на штетниот, капитулански и асиметричен договор со нашиот јужен сосед, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ ги почитува одлуките на партиските органи и нивниот јасно изразен став за неменување на Уставот со цел промена на уставното име. Истовремено, го потсетуваме градоначалникот дека тој мора да ја почитува волјата на мнозинството граѓани, кои недвосмислено на 30 септември го искажаа својот став и застанаа против промена на Уставот, а со тоа и промена на уставното име. ОК на ВМРО-ДПМНЕ целосно го поддржува претседателот Христијан Мицкоски во неговите напори за евро-атлантска интеграција на Македонија и влез во овие структури под уставното име.
Го повикуваaт градоначалникот Јанчев, утре, да се приклучи на протестот заедно со неговите соборци од локалните избори, со луѓето како што велат што стоеја рамо до рамо со него кога оваа инсталирана хунта на власт го апсеше како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавно го прашуваме градоначалникот кои се опструкциите што ги прави претседателот Христијан Мицкоски и во која насока е неговата „конструктивност“ заедно со поранешниот министер Никола Тодоров? Доколку се повикувате на транспарентност во носењето на уставните амандамани, од каде ви е потребата да се договарате со фамилијата Заеви во хотел, далеку од очите на јавноста?
Во реакцијата се додава:
И за крај, сакаме да го прашаме Митко дали се консултира со граѓаните, кои и покрај големите притисоци од страна на неговиот сегашен пријател, аболираниот криминалец Заев, го даде својот глас за него како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. По овие постапки на градоначалникот, Општинскиот комитет во наредниот период ќе направи темелни анализи и ќе донесе соодветни одлуки за дејствувањето на партијата на локално ниво.“
Comments are closed for this post.