План за почист воздух воопшто не постои, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје.

Според координаторот на групата Александар Трајановски, најдобар доказ за тоа е, како што рече, рекордното ниво на загаденост со што градот се најде на првото место во светот.

Побараа прогласување на вонредна состојба и воведувањее итни драстични мерки, предложени од стручњаци и експерти.