Донесеувањето на неколку закони поврзани со корона мерки повторно го актуелизираше проблемот со тенкото парламентарно мнозинство што го има власта.Тоа брои само 62 пратеници, но згора на тоа во овој момент не можат да обезбедат ни толку бидејќи неколкумина пратеници се позитивни на вирусот.
Затоа, власта заговара пратениците да држат он-лајн седници, односно пратениците удобно залегнати во своите домови преку компујтер да дебатираат, и уште што е поважно да гласаат закони.
Но, тоа е спорно како технички таква и уставно. Членот 69 од Уставот е јасен дека „Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупнио број на пратеници.
Друг проблем кој би се создал ако пратениците одлуките ги носат без физичко присуство во Собранието е што утре тие одлуку можат лесно да бидат оспорени пред Уставниот суд.
Затоа, он-лајн сединици се можни само со иземни на Уставот но тоа во овој момент е малку веројатно.
Comments are closed for this post.