Главните аргументи со кои Министерството за правда ќе бара екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски е побивање на аргументите на судот во Грција околу дадените помилувања од претседателот Ѓорге Иванов, рече министерката за правда Рената Десковска одговарајќи на новинарско прашање.

Помилувањата се дадени без правен основ, на законски одредби што во моментов не се во правна сила во Република Македонија и од тие причини практично не ни произвеле правно дејство. Секако се образложува и постапката која е правена со измена на законот и повлекувањето, рече Десковска.