Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави дека има позитивен текст на корона вирусот и дека веќе е во домашна изолација.
Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид-19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, објави тој ноќеска на Фејсбук.
Спасовски е првиот министер кој е инфициран од корона, а претходно неколку пати беше во изолација поради контакт со заболен од Ковид-19.
Comments are closed for this post.