Техничкиот премиер Оливер Спасовски е повикан како прв сведок на Обвинителството за случувањата од 27 април. Спасовски е предлог на обвинителката Вилма Рускоска. Заедно со него треба да сведочи и Михаил Младеновски.
Спасовски тогаш беше пратеник од редовите на СДСМ.
Одбраната на еден од обвинетите побара материјалните докази и снимки да се изведат пред сведоците за да може да им се посочуваат на сведоците на што се спротистави обвинителката Рускоска.
-Двајцата беа внатре во Собранието и подобро знаат што се случувало внатре, отколку што ќе видат на било која снимка-рече обвинителката.
Миле Јанакиески побара меѓу доказите судот да ги обезбеди и листинзите од телефонските разговори во периодот од први до 30 април на Богдан Илиев и Крсто Мукоски.
Тој истовремено побара да му се обезбеди технички советник за да изврши увид во аудио и видео доказите зашто меѓу нив има и такви за кои, според него, не може да се утврди кој, кога, и како ги креирал
Comments are closed for this post.