Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на  повредените во пожарот во Кочани.

Како што соопшти владината портпаролка Марија Митева, одморалиштето има 27 соби и 56 легла, а е лоцирано во природна и мирна средина што го прави погодно за пациентите.

-Станува збор за пациенти кои се веќе стаблизирани, но за кои постои потреба од натамошен третман. Тие ќе се распределат во неколку групи и ќе им се обезбеди персонализиран пристап, истакна Митева на прес-конференција во Владата.

Оваа мерка, напомена, е институционален одговор.

-Нема ништо поважно од човечкиот живот и достоинството на луѓето, потенцира Митева.