Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да се појави на лидерската средба в петок, потврди денеска претседателка на Унијата на жени на партијата, Благица Ласовска. Според информации на Пресинг ТВ, на лидерската Мицкоски нема да испрати ниту свој претставник.

ВМРО-ДПМНЕ, според Ласовска, останува на ставот дека ако воопшто се одржи лидерска средба на која ќе присуствува Мицкоски, тогаш таа ќе биде исклучиво за предвремени парламентарни избори.

– Како што пред неколку дена најави претседателот, нема да се појави на лидерската средба. И доколку има некаква лидерска средба, таа лидерска средба ќе биде само за разговор за предвремени парламентарни избори, рече Ласовска на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.